АктуелноОхрид

Во недела осветување на црквата Св. Петка во Радожда

На 18 мај во недела ќе биде осветена црквата посветена на Св. Петка во селото Радожда. Од црковниот одбор ги покануваат сите верници и добронамерници на овој верски настан кој претставува важен момент за селото како и за зачувување на верата и традицијата во Радожда.

-Ќе ни биде чест да присуствувате и заеднички да го одбележиме овој свечен чин. Во оваа прилика ќе биде отворена можност за доброволни донации за здравје, а сите собрани средства ќе бидат наменети за црквата. Да покажеме уште еднаш дека Радожда знае да биде обединета кога е најпотребно, велат од црковниот одбор.

Почитувани верници, Со срце исполнето со радост и благодат, ве покануваме на свечената литургија по повод празникот на *Света Петка*, која ќе се одржи на *18 мај 2025 година* во црквата “Св. Петка” во Радожда. Овој голем верски настан ќе биде проследен со: – Света архијерејска литургија – Осветување на храмот – Колективна молитва – Добротворна трпеза за сите присутни Света Петка, како наша заштитница и духовна утешителка, нё повикува да го освежиме нашиот духовен живот и да ја зајакнеме заедничката вера. Вашето присуство ќе биде голема чест и радост за сите нас. Дојдете да ја споделиме благодатта на овој свет ден! Со христијанска љубов,

*Православната заедница на Св. Петка, Радожда*