СДСМ Охрид Дрско лажете потценувајќи ја интелигенцијата на граѓаните, наместо да се извините за криминалното владеење.
Со факти ги разобличувам лагите, а ако имате храброст повелете јавно демантирајте!
Да, со ребалансот на буџетот се обезбедуваат 1.200.000 денари за поддршка во организација на Фестивалот на виното и музиката во месец септември, додека вие згаснувавте настани ние создаваме со единствена цел промоција на туризмот и угостителството во Охрид и продолжување на туристичката сезона,
но ИМА СРЕДСТВА:
2.000.000 денари за партерно уредување на плоштадот Крушевска Република.
300.000 денари за изработка на изведбен проект за уредување на парк кај споменикот на А. Ден Долард.
Во текот на 2022 г. изработка на техничка документација за отпочнување на постапка за покривање на 1 игралиште за тенис со ПВЦ покрив на ЈП „Билјанини извори“ во Реализација со развојна програма 2023-24 год.
Со кое лице пишувате за културните објекти кога за нив претходно потрошивте 4 општински буџети, а охриѓани за жал не ја видоа ниту реконструкцијата на Домот на култура во с. Горно Лакочереј, ниту на Домот на култура во населба „Радојца Новичиќ” и имавте 4 години да ги решите нерасчистените имотно правни односи за објектот и земјиштето
Со СДС немаше пари за проекти и за граѓаните, но во најголема здравствена и економска криза имаше пари за привремени вработувања, зголемени расходи за репрезентација, за трансфери со цел предизборен поткуп кој сега го плаќаат граѓаните.
Факт е дека СДС не реализира ниту една капитална инвестиција во Охрид и затоа добивте казна од охриѓани!
Промените во Охрид се случуваат и тоа охриѓани го гледаат!
-пишува во својата ФБ објава советникот од ВМРО ДПМНЕ Перчо Божиновски.
