Еден полицаец бил физички нападнат од цивил пред дискотека на периферијата на Охрид.
Полицијата интервенирала и го привела напаѓачот кој се товари за напад врз службено лице.
Охрид го доживува шпицот на сезоната, градот е исполнет со туристи, најголем број млади лица, во него се одржуваат десетици концерти и забави, па како и секоја година така и оваа, кулминира и бројот на инциденти.