Јавноста денес имаше прилика да биде информирана дека полицијата уапсила поранешен политички кандидат на избори во Охрид кој физички ја нападнал својата не венчана сопруга која побарала помо од полицијата.
Но, ова не било прв пат ова лице, ( кое во јавноста се презентира како политички кандидат на едни минати избори ) физички да ја напаѓа сопругата која и претходно го имала пријавувано во полиција за случаи со семејно насилство.
Истото лице е приведувано и апсено и за користење или тргување со марихуана, за предизвикување општа опасност и како што се покажа сега имало и серија пријави за семејно насилство.
Со оглед на тоа колку Македонија е не функционална не е ни чудо што вакви лица успеваат да ги поминат сите „филтри“ кои ги предвиеле законите при кандидирање на избори.