Во црковниот храм „Свети Никола“ во Вевчани денеска во 19:30 ќе биде промовирана најновата поетска збирка на Димче Шипинкароски, „Татковиот аманет”, издадена од Здруженето за литература, култура и наука „Бран” од Струга.
Димче Шипинкаровски е овогодишен добитник на наградата од престижната поетска манифестација „Антево Слово”, која се доделува во чест на истакнатиот македонски поет Анте Поповски.
Уредник на изданието е Борче Панов, додека професор д-р Христо Петрески, претседател на Друштвото на писателите на Македонија, во посебна рецензија, ќе направи осврт на творештвото на Шипинкаровски.
Промотори на збирката ќе бидат професор д-р Христо Петрески, кој ја има напишано и рецензијата за книгата, како и Мишо Китаноски и Веле Митаноски.
Рецензентот Петрески го претставува поетот Шипинкароски, како еден од новите современи македонски автори.
mkd.mk