четврток, ноември 14, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Чиста среќа и што во невремињата во кои летаат кровови нема жртви

Греди, лимови, штици - вчера летаа 300 метри по покривите од куќите околу зградата од каде ги дувна ветротГреди, лимови, штици - вчера летаа 300 метри по покривите од куќите околу зградата од каде ги дувна ветрот

При секое невреме во Охрид, како да стана правило да одлета некој кров од зградите кои дополнително се препокривани со лимени кровови.

Сагата со крововите започна уште во 2008 година кога одлета кровот на Општа Болница Охрид. Од тогаш до сега одлетаа десетина кровови , а само ова лето заедно со лимовите , летвите но и гредите одлетаа два крова и во двата случаи само чиста среќа е тоа што нема мртви или повредени луѓе.

Со години се објавуваат информации за урнати билборди од ветар ( десетици минативе години ) и чиста среќа е што овие билборди не убија некого до сега
Со години се објавуваат информации за урнати билборди од ветар ( десетици минативе години ) и чиста среќа е што овие билборди не убија некого до сега

Сето ова го отвора прашањето какви се крововите кои се поставувани на зградите низ Охрид ? Кој ставил потпис на документацијата дека се направени по прописи ? Дали во институциите постои вкоренета коруптивна врска која од која профитираат вработени во државните служби , но и градежни фирми кои градат вакви кровови ?

Овие прашања од 2008 година до денес требаше да ги одговорат институциите кои се со најнизок рејтинг во јавноста : Полицијата, Обвинителството и Судот, но тоа не се случи, а веројатноста да превземат некоја мерка по оваа општа опасност по животите на граѓаните која демне над Охрид е еднаква на НУЛА бидејќи овие институции не служат за тоа за што постојат, туку веројатно имаат некоја друга намена.

Охрид 1