Две лица од Кичево се уапсени од страна на Полицијата во Охрид кога при проверка кај нив била најдена бела прашкаста материја.
Белата прашкаста материја ( за која се претпоставува дека е кокаин ) е одземена, кичевчаните се однесени во полициска станица, каде се работи на расчистување на случајот и негово процесуирање во институциите.