недела, ноември 17, 2024
АктуелноМакедонијаНаш ИзборНаш изборОхрид

СДСМ Охрид формирал „сајбер тим“ за „напади“ врз Кирил Пецаков

Општинската организација на СДСМ Охрид формирала т.н. „сајбер тим“ кој започнал со активности за напаѓање на градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.

Ваквиот тим партијата го формирала од како се откажала од идејата да отвори сопствен информативен портал и било одлучено да се делува преку Фејсбук.

Сајбер тимот веќе „проработел“ но не бил баш најдобро „разработен“ и требало да се направат некои „финеси“, поточно да се даделе напатствија од Скопје за стилот и начинот на кој овој тим ќе ја води битката против Пецаков.

САЈБЕР ТИМ – ПРЕМНОГУ МОЌНО ЗВУЧИ ЗА ОБИЧНИ ФБ СТРАНИ

Нe jасно е зошто на состаноците со децата кои се во „сајбер тимот“ им се укажува дека требало напатствија од Скопје околу тоа како да се „напаѓа“ Пецаков, ( како да ќе вршат хакерски напад на Пентагон ),  кога всушност се работи за пишување на ФБ и аплодирање фотографии, што знае да го прави секое дете.