Раководството на СДСМ во Охрид подготвува исклучување на Науме Јованоски Чакар од партијата – дознава „ Охрид 1“ од свои извори во организацијата на СДСМ во Охрид.
Зад ова силно застанала и претседателката на СДСМ Кристина Крлеска Деспотоска. Засега единствено не се знае како ќе се постапува со сотанатите советници кои застанаа на страна на Науме Јованоски Чакар , како што е познатиот доктор Стојан Митрески , кој на последната седница гласаше исто како и Науме Јованоски Чакар.
„Останува да видиме дали Стојан ќе се корегира и ќе се врати на вистинскиот пат или ќе остани залутан“ – било констатирано и претседателката Крлеска Деспотоска инсистирала да му остават малу време за да се врати во „колосекот“ на СДСМ Охрид.
„Охрид 1“ од утрово па се до објавувањето на веста се обидуваше да стапи во контакт со Науме Јованоски Чакар, но од него не обезбедивме коментар.