АктуелноОхрид

Пет нови наслови во градската Библиотека

НУ Библиотека „Григор Прличев“ на полиците има пет нови книги – бестселери кои сигурни сме дека ќе го привлечат вниманието на нашата читателска јавност, особено на нашите членови.

Од денеска можете да ги побарате следните наслови:

„Ќерката“ од Луси Досон издание на  Книгохоличари

„Шефот од соништата“ од авторот Вај Киленд

„Од жарјето“ од Али Мртинез

„Очи од сребро, очи од злато“ Елен О Конел

„Месечарот“ од Себастијан Фицек сите во издание на Сакам книги.

Потсетуваме дека годишната членарина во библиотеката за возрасни е 300 а за деца 200 денари.

Одделот за зајмување работи од понеделник до петок од 8:30 до 16:00 часот.

 

НУ Библиотека Охрид.