Преку контроли и превентивни мерки Одделението за внатрешни работи – Струга ќе работи на спречување на пукање од огнено оружје на семејни веселби, неовластена употреба на огномети и користење пиротехнички средства на свадби и други веселби.
Пукањето, е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а паричната глоба за ваков вид прекршок, се движи од 200 до 500 евра. Покрај тоа, зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело „предизвикување општа опасност“, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години.
nezavisen.mk