недела, ноември 24, 2024
АктуелноОхрид

Градоначалникот Пецаков и Амбасадорката на Швајцарија Н.Е. Улман Марти во посета на Св. Еразмо

Амбасадорката на Швајцарија Н.Е. Вероник Улман Марти, денес, беше во посета на Охрид. Заедно со директорката на Центарот за развој на Југозападен плански регион Мирјана Лозаноска и претставникот на Советот за развој на Југозападен плански регион, ја посетивме ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Во објавата градоначалникот додава:

Директорот д-р Ацо Велески ни го претсави базенот за физикална терапија, кој ЈЗПР во соработка со Општина Охрид во рамки на програмата за „Одржлив инклузивен рамномерен регинален развој“ го релизираа преку Минитерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.

Изразив благодарност и задоволство за досегашната соработка со Швајцарската амбасада и Агенцијата за развој и соработка. Ги истакнав проектите кои се реализираат со нивна соработка и потенцирав дека Општина Охрид подготвува нови проекти со кои ќе учествува на наредните повици за кои се надевам дека повторно ќе бидат поддржани.

Амбасадорката истакна дека до сега е задоволна од соработката и исполнителноста во реализацијата на проектите кои се одвиваат преку Центарот за развој на Југозападен плански регион и Општина Охрид. Таа потенцираше дека Охрид е високо во нивната агенда и дека во иднина се надева на повторна соработка во реализација на големи проекти кои се од интерес за градот.

извор: ФБ Кирил Пецаков
фото: ФБ Кирил Пецаков