АктуелноНаш ИзборНаш изборОхридПоследни Вести

Интернет порталите го одржаа Охрид и натаму да биде втор медиумски центар во Македонија

Охрид останува втор медиумски центар во Македонија и во новото време , кога во последните години медиумите во светот ( па и во Охрид ) како последица на динамичните промени кои ги носат технологиите претрпеа тектонски поместувања .

Медиумите се одамна пренесени на интернет кој стана главен канал за информирање на граѓаните, радиото глобално ја стигна телевизијата, (  во Охрид десеткратно ја надмина ) , а Јутуб стана главна платформа на која креатори од разни области работат и заработуваат пари.

Тектонските поместувања на аудиториумот, доведоа и до тектонски поместувања на парите, па сега најпрофитабилни во цел свет се интернет медиумите кои остваруваат најголеми приходи бидејќи се главни мејнстрим пренесувачи на информации.

НЕОГРАНИЧЕНИ МОЖНОСТИ ЗА КОМПАНИИТЕ НО И ЗА СЕКОЈ ПОЕДИНЕЦ

Неограничените можности на интернетот доведоа и до можности интернет медиумските компании да почнат да работат и надвор од Охрид, па и надвор од Македонија, како што веќе две години работи нашата компанија, во држави од соседството бидејќи светот денес е медиумски глобален пазар на кој може да се настапи.

Покрај повеќето интернет портали од Охрид кои како од никој друг град во земјава се читани и познати и надвор од локалната средина низ цела Македонија,  Охрид има и нај слушано радио .

Супер Радио со години е на врвот по слушаност од сите радио станици надвор од Скопје, а квалитетот на програмата го градат повеќе имиња кои со години и децении креираат сопствени емисии.

ТЕЛЕВИЗИЈАТА ЕГЗИСТИРА БЛАГОДАРЕНИЕ НА МИЛОСТА НА ЛОКАЛНАТА

Најслаб и веројатно не поправлив сегмент на охридската медиумска сцена е телевизијата.

Од како две третини од телевизиите се затворија, остана само една која е далеку од тоа што беше пред 20 години. Скоро и да нема сопствена продукција на емисии, вестите ги одржува со снимки добиени од националните дописништва, а според аналитиките на Гугл и Фејсбук,  охридската телевизија ТВ М е десеткратно зад интернет порталите во градот.

Десeткратно помал аудиториум има и во етерот, каде според мерењата на „Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги“ единствениот друг охридски медиум кој оди  во етер, Супер Радио има од 10 до 20 пати повеќе слушатели од што има гледачи телевизијата.

Во една ваква состојба на слаб менаџмент и не снаоѓање со новите технологии Охрид сеуште има локална телевизија во етер благодарение на милосрдноста на локалните власти и градоначалникот кој имаат сенс за градот и покрај минорната гледаност ја помагаат телевизијата.

ДЕНЕС Е ВРЕМЕ КОГА СЕКОЈ СПОСОБЕН НОВИНАР МОЖЕ ДА Е ФИНАНСИСКИ НЕЗАВИСЕН

Технологиите донесоа нови можности и рамноправност за скоро секој елементарно способен новинар, додека за некои новинарски имиња кои се брендови сами за себе донесоа комплетна независност, па така борoјни имиња од новинаството во Македонија денес егзистираат со свои проекти и емисии исклучиво на Јутуб и интернет заработувајќи од гледаност на видеата преку Јутуб или банери пеку сајтовите.

Така најгледаната политичка емисија во државава „Во Цетнар со Васко Ефтов“ воопшто не се емитува на телевизија, а ваков глобален пример кој овие денови беше актуелен во светот е новинарот Крис Куомо кој замина од CNN заедно со гледачите кои според анализите објавени деновиве веќе не ја гледаат телевизијата туку го следат него на интернет портал и Јутуб.

Ваквите трендови дојдоа и во Охрид па така и кај нас  новинарски имиња кои работат во локалната телевизија, а кои се видливо амбициозни  поседуваат по две фирми и работат со општините во Охрид, Струга, Дебрца и Вевчани, но и со борјни приватни компании и вкупните приходи кои ги остваруваат ги достигнуваат тие на телевизијата, што е за респект и почит.

Околу тоа како секој новинар може да отвори свој портал со инвестиција од 50 евра, и како може да се развива и да живее финансиски независно бесплатен туторијал ќе објавиме во друга прилика…

Љ.Т.