понеделник, ноември 18, 2024
АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Се асфалтира улица ,,28 -ми Април,,

Градоначалникот Кирил Пецаков претпладнево направи увид на  градежните работи на улица „28-ми Април“ којашто денес се асфалтира.

Асфалтен слој се поставува на должина од  550 метри  и ширина од 6 метри.

Претходно на улицата се гребеше стариот асфалт, просторот се тампонираше и се нивелираа шахтите. Асфалтирањето на улицата се очекува да заврши денес.

Проектот е дел од Програмата за  уредување на градежно земјиште на Општина Охрид  и се реализира со средства од буџетот на локалната самоуправа.

општина Охрид