Uncategorized

Турските медиуми помислија дека е Малдиви, но Ебру бјави фотографии од Љубаништа

Ебру Шахин со своите најнови пози во костими за капење се најде во центарот на вниманието на социјалните мрежи.

Популарната турска актерка Ебру Шахин која неодамна го кажа своето судбоносно „да“ на турскиот кошаркар по потекло од Македонија, Џеди Осман, на социјалните мрежи објави неколку фотографии од своето патување во Македонија. Ебру и Џеди во Охрид ја направија венчавката, а сега таа објави фотографии на кои позира во костим за капење, а кои се направени на прекрасната плажа во Љубаништа.

Интересно е тоа што во Турција медиумите помислија дека фотографиите се направени во Малдивите, каде што парот замина на меден месец, откако по венчавката во Охрид, направија и свадба во Турција.

 

glamur.mk