АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Низ Охрид поставени картонски риби во мрежи, акција за спас на пастрмката и белвицата

Иако Охридското Езеро нема концесионер повеќе години, а ловот е строго забранет, охридската пастрмка се нуди во сите ресторани околу езерото, под тезга, во рибарниците, а постојат и таканерачени „агенти“ кои вршат достава на пастрмка до дома.

За таа цел, во центарот на Охрид деновиве беа поставени картонски риби на кои се исишани пораки во насока на заштита на Охридската пастрмка чијшто лов е строго забранет, но рибокрадството доведува до десеткување на популацијата на оваа риба.

Акцијата беше спроведена на 5 места во Охрид и активистите се надеваат дека на овој начин ќе ги испровоцираат надлежните поефикасно и поревносно да се зафатат со решавање на овој проблем.

Акцијата се состои од стари рибарски мрежи на кои се поставени силуети на фотографии од пастрмки со следната содржина:

„Купувањето охридска пастрмка е соучесништво во нејзиното истребување.“
„Охридската пастрмка е загрозен вид и ловот е строго забранет.“
„Не постои легално уловена охридска пастрмка во Македонија бидејќи е трајна забрана за лов на пастрмка и белвица.“
Купувајќи и консумирајќи охридска пастрмка и белвица директно го поддржувте рибокрадството и нивното уништување.“
„Езеро без концесија – село без кучиња .“
„Не биди рибокрадец! Не барај охридска пастрмка и белвица“

Криволовот, односно рибокрадството со години има енормни размери, што доведува до десеткување на популацијата на пастрмката. Се почесто се ловат, односно криволоват риби неколкукратно помали од законските мерки за минимална големина на пастмка, односно единки кои воопшто не успеваат да достигнат репродуктивна зрелост, туку илегално завршуваат на трпеза.

 

makfax.com