Охрид

Нови пет наслови кои се хит ова лето

Неделната понуда на нови книги во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид овој пат е спој од издавачките програми на „Книгохоличари“ и „Сакам книги“

На одделот за зајмување може да ги побарате следните наслови:  „Десет мали воздишки“ од А.К. Такер, „Господин неподнослив“ од Вај Киленд и Пенелопи Вард,  „Малата пациентка“ од Шерон Болтон, „Ме сака, не ме сака“ дело на Сара Донзил и „Улицата на бродовите“ од Сара Џио.

Потсетуваме дека и ова лето библиотеката со корисници работи од понеделник до петок од 8 и30 до 16:00 часот а годишната членарина за деца е 200 а за возрасни 300 денари.

До крајот на неделава во Библиотеката се одвива Летниот саем на книги во ладовина а функционира и 24 часа отворената бесплатна библиотека наменета пред се’ за странските туристи.

 

 

НУ Билиотека