АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Божиновски: За предавниците и изродите е нормално тоа што по диктат и уцени ќе се менуваат учебници во Македонија

Македонија ги преживеала сите понижувања и неправди низ историјата, за сега во 21 век од страна на ненародната Власт да се отворат средновековни прашања и теми за идентитетот, историјата и јазикот, рече на денешната прес средба портпаролот на ОК ВМРО ДПМНЕ Перчо Божиновски.

Маските им паднаа, бесрамно го криеја Протоколот во кој сепак скандалозниот Договор со Бугарија, историјата и идентитетските прашања како најболни за Македонија се дел од Преговарачката рамка.

Пратениците на СДСМ од Охрид, недостојни ниту име да им се спомене, по диктат на Ковачевски докажаа дека Македонија воопшто не им е поважна од партиската наредба околу поддршка на катастрофалниот Предлог на француското претседателство со Советот на ЕУ.

За предавниците и изродите е нормално тоа што по диктат и уцени ќе се менуваат учебници во Македонија, ќе се ретушира историјата и ќе се менуваат лекции за историски настани и личности по урнек на бугарските барања, додаде Божиновски.

Охриѓани треба да знаат дека истите тие се согласиле за прелиминарен урнек од лекција за 7 одделение на тема Самоилова држава.

Се согласиле дека македонскиот јазик е дијалектна форма на бугарскиот јазик според едностраната Декларација на Бугарија.

Ќе им припадне ли честа на двајцата ненародни пратеници од СДСМ од Охрид да ги постават натписите на Самоиловата тврдина, спомениците на светите браќа Кирил и Методиј, свети Климент Охридски и свети Наум Охридски дека се дел од бугарската историја?

Ако ги штитат македонските национални интереси наместо предавство нека побараат признавање на Македонците и извинување од Бугарија кон сите потомци за злосторствата и репресиите на бугарскиот фашистички окупатор на македонска територија.

Промена на Уставот нема да има, дојде времето кога гласно треба да кажеме НЕ за оваа предавничка и антимакедонска Влада која мора што поскоро да падне, истакна портпаролот Божоновски.


Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид