сабота, ноември 16, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Осветување на црквата посветена на Св.Симеон Столпник во Куратица

Осветување на уште еден православен храм во село Куратица. Темелите на црквата Св.Симеон Столпник беа осветени на 28/02.2013 година но на местото на старата црква која што беше урната, сега се издига едно преубаво црковно издаени кое доликува , при што денеска ќе биде осветена.

Церемонијата ќе започне во 8 часот, од(во текот на целиот ден) 10:30 часот започнува ручек во Етно ресторан Дедо Димо.Од 12ч започнува општонародна веселба со музика на курајчкото сретсело.

Од црковниот одбор и месната заедница ги покануваме сите верници кој сакаат да присуствуваат а за тие што нема да се во можност ќе биде обезбеден пренос во живо на https://youtu.be/Whmp2e3UkiQ од и Етноресторан Дедо Димо.

Симеоновден или денот на Свети Симеон Столпник е голем православен празник, кој се одбележува на 1 септември според грегоријанскиот или на 14 септември според јулијанскиот календар. На овој празник започнува Црковната Нова Година. Според верувањето и светците се раководеле по овој календар. Со празникот Свети Симеон е поврзано есенското засејување, што е проследено со посебни обичаи и верувања, иако тие се различни во разни краишта на Македонија и Светот имаат и многу заеднички елементи.

МЗ Куратица