Започна Летно државно првенство во пливање на Градскиот базен “Атина Бојаџи”
Искрено сум возбуден што можеме да присуствуваме на првенство во пливање во Охрид, кој покрај сите епитети кои ги заслужува, сеуште како ехо на минатото го носи и епитетот како пливачки град. Дозволете ми да ги упатам најискрените честитки на организаторите на ова првенство и на сите помагатели и вљубеници во пливањето.
Јас како некогашен ракометар, знам што значеше да се има соодветна спортска сала и уште повеќе ми е јасно, што значи за пливачите да имаат свој затворен базен. Но, состојбата е таква што ние се уште сме во очекување тој да биде конечно целосно завршен. И во такви услови, локалната самоуправа со расположливите ресурси кои ни се на располагање, се потруди да овозможи оптимални услови за одржување на првенството.
На сите натпреварувачи им посакувам врвни резултати и пријатен престој во Охрид и Летното државно првенство го прогласувам за отворено, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.
извор: ФБ Кирил Пецаков