Контејнерите наспроти комплесот Летница во нај строгиот центар на Охрид повеќе не се грда слика на градот. Конечно после повеќе години ова раководство на „Комуналец“ и градската власт со Градоначалникот со „пет пари работа“ го решија овој проблем кој се протегаше со години.
Од како никогаш не проработеа т.н. подземни контејнери, и со години ѓубрето се расфрлаше околу постојните контејнери, конечно со оваа ограда се сокри грдата глетка која беше плод на ниската свест и култура пред се на населението во Охрид, но и на дел од туристите.