сабота, ноември 23, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Четворица државјани на Турција предизвикале тепачка во охридски клуб

Четири државјани на Република Турција предизвикале тепачка во познат угостителски објект во стариот дел на Охрид.

Турските државјани се приведени од страна на полицијата.

Инцидентот се случил 01 часот, во кафе бар во Охрид, четири лица странски државјани, го нарушиле јавниот ред и мир при што, еден од нив, со остар предмет го повредил Д.С.(34) од Охрид. Истиот е пренесен во Општата болница во Охрид каде, се констатирани телесни повреди по што, е пуштен на домашно лекување. СВР Охрид работи на расветлување на настанот по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.