Започнаа подготвителните градежни активности за асфалтирање на улицата “Ирина Гинова – Мирка”. Денеска таму се изведува гребење на стариот и оштетен асфалт, се врши тампонирање и валирање, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
Во објавата градоначалникот додава:
Покрај оваа улица во Велгошти предвидено е во следниот период да се изврши асфалтирање на уште неколку краци од улици.
Финансиските средства за овие активности се во целост обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
извор: ФБ Кирил Пецаков
видео: ФБ Кирил Пецаков