АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Втор дел видео проекција на тема Билблијата и младите

Драги дечиња во склоп на нашите заеднички активности под мотото Црквата и децата кои што ги реализираме веќе подолг временски период.Ве известувам дека на ден 16.07.2022 година Сабота во 20 часот во дворот од црквата Св.Петка с.Враништа повторно ќе имаме видео проекција втор дел на тема Библијата и младите.По завршување на видео проекцијата ќе преминеме со прашања и разјаснување на тематиката,а за истото ќе се погрижи свештеникот.Воедно од име на сите родители кои што ги воцрковуваат своите дечиња од име на отец Ристе и на сите дечиња односно од Православната младина во с.Враништа им изразуваме голема благодарност до членовите на црковниот одбор кои што ни купија нов видео проектор како би продолжиле непречено со нашите активности.
Со Божји благослов отец Ристе Наумоски.