ВидеаВидеоНаш изборНаш ИзборОхрид

(ВИДЕО) Мечето Сречко здраво и право вратено во природата

Од повредено и крајно дезорентирано, до комплено здраво – мечето кое пред неколку денови беше згрижено денеска се врати во природата.  Малото мече преплашено од се што му се случуваше последните денови е пуштено во шумата над Елен камен, поточно пределот каде и беше пронајдено.

Го пренесоа најпрво до каде што можеже во кафез со џип, за потоа нагоре да го пренесат на раце во кафез.

 

Се започна пред неколку денови кога стружанецот Гоце Митрески го пронајде мечето по пат за Радожда во крајно тешка ситуација. Големиот вљубеник во животните и природата, неможел да го остави беспомошното животно без храна и медицинска помош, па го направи она што малкумина би собрале храброст. Го зеде и најпрво однесе на ветеринар, каде доби медицинска помош, но и потребни витамини. Сеуште слабото мече не можеше веднаш да се врати во природата. По што мораше до опоравување да се згрижи, па Митрески тоа и го направи.

Во меѓу време во постојана комуникација со инспекторатот за животна средина, СВР Охрид, Зоолошка градина Скопје, но и стручни лица за мечки од Бугарија. Сите заедно, но и грижата и љубовта кон малото мече си го направи своето. За само неколку денови, мечето кое неможе да застане на задните нозе, жално јачеше поради болка беше дезориентирано, дури и храната поради дезориентораност неможеше ја пронајде, денеска се врати во својот дом.

На чинот на враќањето присуствиваше и државниот инспектор за заштита на природата М-р Хасан Рустеми, полициски службеници од пограничната служба, претставници од ловното друштво Превезан – Струга и ONE MEDIA.

Случајот со повреденото мече, кое ќе си земиме за право да го насловиме Сречко, покажува дека во Македонија има крајно хумани луѓе и влубеници во природата и животните. Огромна благодарност до ЗОО Скопје кои направија се Митрески да го поврзат со стручни лица кои дадоа совети за брзо опоравување на Сречко.

Инаку за во иднина можеби надлежните треба да размислуваат на вакви случаи да им се ставаат уреди преку кои ќе ги следат, дали и колку по враќањето истите се прилагодиле во природата. Во овој случај доколку мечето имаше ваков уред истото ќе можевме да го следиме како се прилагодува во природата.

извор: NEWS1.MK

видео: NEWS1.MK

фото: NEWS1.MK