Охрид

Пронајдени и одземени куршуми од лице од Охрид кое нелегално ги поседувал

На 12.07.2022 во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид и Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје при МВР го лишиле од слобода лице на (37) години  од Охрид.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се 27 куршуми различен калибар што нелегално ги поседувал.

Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид