На 12.07.2022 во 20.50 часот, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода лице на (22) години и уште едно лице на (22)години , двајцата од Охрид.
Полициски службеници го забележале едното лице како од патничко возило „Бмв“ со охридски регистарски ознаки, во кое се превезувале, исфрла ќесе со кокаин.
Дрогата е одземена и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Охрид