Утре 13 јули, во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана книгата „Надеж“ од Ване Николоски, наш роднокраен автор од Австралија – писател и голем љубител на природата и својот Охрид.
-Часовите искористени во пишување и читање, најмногу ме исполнуваат. Пишувањето, креирањето на карактери, настани, места, емоции се моја душевна храна без која не можам да функционирам нормално. Романот „Надеж“ е една универзална приказна за љубовта, доблеста, пожртвуваноста и надежта – вели авторот Николоски.
Утре во 12 часот романот „Надеж“ ќе го промовира писателот Мирко Томовски, а свое видување на романот ќе даде и библиотекарот Бети Лазеска – Симоноска, која беше меѓу првите читатели кои имаа можност да го прочитаат.
Водител на промоцијата и наратор ќе биде Елизабета Бојчевска,вработена во библиотеката.
НУ Библиотека