АктуелноОхрид

(ФОТО) Советниците од ВМРО ДПМНЕ гласно велат: „Ултиматум, „НЕ“ благодарам“

Секојдневно во Македонија се одржуваат масовни протести против францускиот предлог за деблокирање на почетокот на пристапните преговори на земјава со Европската унија. Гласно „НЕ“ велат и советниците од ВМРО ДПМНЕ од советот на Општина Охрид.

Граѓаните со македонски знамиња и маици на кои со големи букви пишува „НЕ“,  секојдневно се движат од Владата преку Министерството за правда до Собранието, скандирајќи „оставка” и пеејќи патриотски песни, воедно испраќаат пораки за национално обединување и за масовност на протестите.

Со пораката „Никој не победил народ“ демонстрантите ѝ порачуваат на власта дека секој ден ќе бидат во 19.00 пред Владата и нема да дозволат бугаризација.

фото: Охрид 1