За првпат во Македонија на две охридски плажи се поставија рампи за полесен пристап на лицата со посебни потреби, тоалети и доколку е потребно на располагање им стои и електрична количка. Помагалата се поставија на градските плажи во “Љубаништа” и “Горица 3”.
Општина Охрид овие помагала ги обезбеди преку донација од Здружението “СОС Балканмедиа” за што изразувам голема благодарност.
Апелираме хотелиерите да ги следат заложбите на Локалната самоуправа во еднаков третман на сите граѓани и да постават вакви рампи за полесен пристап на лицата со посебни потреби до Охридското езеро пред нивните објекти.
Во наредниот период продолжуваме со опремување на останатите плажи до рампи за пристап и тоалети за лицата со посебни потреби.
-напиша во својата ФБ објава градоначалникот Кирил Пецаков.