На 08.07.2022 во 09.50 часот, во СВР Охрид пријавено е дека од страна на Итната медицинска помош во Болница „Св.Еразмо“ бил донесен повреден 71 годишен жител од с.Пештани, охридско, кој имал здравствени проблеми. Според пријавеното, тој околу 05 часот заминал сам во Националниот парк „Галичица“ да собира чај, при што паднал и се здобил со тешки телесни повреди. Тој, бил пронајден во 09.30 часот од И.Т. од селото Смилево, демирхисарско, на патот Охрид-Стење-Национален парк Галичица. Полициски службеници излегоа на местото, се работи на документирање на случајот.