АктуелноВидеаВидеоОхрид

(ВИДЕО) Ветрот искрши гранки од дрво кај Здружение на возачи

Невреме ја зафати Македонија. И во Охрид предмалку започна да врне дожд проследен со силен ветар, кој поместуваше дури и контењери по сообраќајниците. Ветрот искрши гранки од дрво кај Здружение на возачи.

Македонија ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса и висински циклон кој од областа на јужен Јадран ќе се преместува кон Македонија. Овој вртложен атмосферски систем во средни размери изразито ќе ја дестабилизира атмосферата, и ќе услови формирање на организран кластер на облаци со вертикален развој. Првите промени се очекуваат во Охридско Преспанскиот регион, Пелагонија а во текот на денот нестабилноста ќе се прошири кон централните , северозападни делови (Скопско, Полог), и југоисточните делови а доцна попладне нестабилноста ќе се прошири низ целата земја, напиша на својот ФБ профил Славчо Попоски – МЕТЕО Прогнозер.

фото: Охрид1