АктуелноОхрид

СВР Охрид: Се информиравме за протестот, затоа бевме во канцелариите на Левица

Од СВР Охрид  велат дека денеска биле во канцелариите на Левица Охрид, со цел да се информираат за протестот.

  • Треба да знаеме точно како е планиран протестот со цел соодветно да се подготвиме, брифираат извори од раководството на СВР Охрид.

Инаку од Левица Охрид предмалку објавија:

ОБИД ЗА ЗАПЛАШУВАЊЕ НА ЛЕВИЦА ОД ОХРИДСКАТА ПОЛИЦИЈА
Во моментов во канцеларијата на ЛЕВИЦА во Охрид, влезе полицијата на СДС и ДУИ, за време кога во канцеларијата се наоѓаат активисти на Црвена младина, подмладокот на ЛЕВИЦА.
Дали фашистичката полиција се исплаши од протестот кој ЛЕВИЦА го организира во Охрид, поради тоа што секојдневно се приклучуваат се’ повеќе охриѓани?
Да и’ порачаме на охридската полиција, оставете ги нашите деца на мир, велат од Левица – Охрид и додаваат:

Ако ви треба било каква информација можете да го контактирате Модераторот на ЛО ЛЕВИЦА Охрид, Ристе Дојчиниски и советникот на ЛЕВИЦА во совет на Општина Охрид, Виолета Аврамоска.

 

 

извор: Охрид 1

фото: Архива