Три лица повредени во сообраќајна незгода на патниот правец Охрид -Кичево
Редакцијајули 8, 2022
posted on


Тројца повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај с.Песочан, охридско.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „фиат панда“, со скопски регистарски ознаки, управувано од лице на (31) година од Скопје и „пежо 306“, со српски национални ознаки, управувано од лице на (71) година од Охрид.
Во несреќата возачот и сопатникот во возилото „фиат“, додека лицето на (31) од Скопје, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“, додека возачот се здобил со телесни повреди.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид.
Порталот www.ohrid1.com е локален електронски медиум, кој продуцира и објавува вести, интервјуа , стории, видео и аудио емисии поврзани со градот Охрид, но и Македонија и светот.
Покрај останатото, Ohrid1.com е познат по тоа што објавува ексклузивни вести и стории кои ги немаат другите медиуми.
© Copyright 2022 OHRID1.COM | IDEV.MK



