Делегација на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид положи свежо цвеќе по повод 121 година од формирањето на првата востаничка чета во Охридско во манастирот ,,Света Петка” во Велгошти. Свежо цвеќе положија и од МК ВМРО-ДПМНЕ Велгошти.
Пред присутните се обрати Кире Пердулоски, претседател на МЗ на Велгошти, чии претставници исто така положија свежо цвеќе и за кого оваа традиција е секогаш обврска којашто и понатаму треба да се негува и почитува.
ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид