ЈП ВОДОВОД Охрид започна со изведба на нова водоводна линија на бул. „Туристичка“, наменета за новиот блок згради позади бензинската пумпа Окта.
Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф160 во должина од 200 м, информираат од ЈП Водовод Охрид.