АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Соопштение по повод манастирската слава за Рождеството на Свети Јован Претеча – Иванден

Возљубени верници и почитувачи на Свештената Бигорска Обител и на славниот Претеча,

Ве известуваме дека на денот кога го славиме сечесниот празник на Рождеството на нашиот патрон и небесен застапник, светиот и славен Пророк, Претеча и Крстител Господов Јован:

Во среда, на 6 јули, во Свештената Бигорска Обител ќе се отслужи сеноќно бдение, коешто ќе започне во 20:30 часот, а на кое молитвено ќе претстои Неговото Преосвештенство, Епископот Аморејски г. Никифор, Игумен на Свештената Ставропигијална Патријаршиска Обител на Владатадите во град Солун;

Во четврток наутро, на 7 јули, во 08:45 часот ќе биде пречекан нашиот почитуван надлежен владика, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј.

Пред почетокот на Светата архиерејска Литургија, во 09:00 часот, од раката на нашиот Митрополит г. Тимотеј, на нашата голема радост и чест за Бигорската Обител, петмина наши собраќа ќе бидат потстрижани во светиот рамноангелски монашки чин. Ова е за прв пат во нашата понова историја одеднаш да бидат замонашени петмина браќа.

За време на Божествената Литургија, пак, еден од новозамонашените браќа ќе биде ракоположен во свештеноѓаконски чин.

-информираат од Бигорскиот Манастир.