вторник, ноември 26, 2024
АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Коалиија ,,СЕГА,, објавува оглас за вработување во Младински центар Охрид

Наскоро на територијата на општина Охрид ќе започне со работа првиот Младински Центар кој ќе функционира согласно Законот за младинско учество и младински политики.

Младинскиот центар е место каде ќе се подготвуваат и спроведуваат програми кои ќе ја подобруваат благосостојбата на младите, развојот на личниот, социјален и професионален живот на младите, информации од важен интерес за младите и други аспекти од животот на младите, согласно член 22 од Законот за младинско учество и младински политики.

Со Младинскиот Центар- Охрид ќе раководи Коалицијата на младински организации СЕГА- Прилеп, која беше избрана согласно јавниот повик за избор на младинска организација која ќе раководи со Младинскиот Центар.

За потребите на Младинскиот Центар- Охрид, СЕГА има потреба од ангажман на:

Раководител на Младински Центар- 1 извршител
Младински работници- 2 извршители
За таа цел, Коалицијата на младински организации СЕГА објавува повик за вработување на три лица за Младинскиот Центар- Охрид.

Целосната апликација за вработување во Младинскиот Центар може да се добие на следниот ЛИНК (https://ec.europa.eu/eusurvey/runner/MCOPersonal2022). Краен рок за аплицирање е 10.07.2022 до 23:59 часот.

 

општина Охрид