Во просториите на КИЦ Култура365 се оддржа комеморативен настан “28 години од смртта на холандскиот писател А. ден Доолаард”. По тој повод беше организиран овај културно-информативен настан од отворен карактер каде што беше истакнат животот и делото на овој холандски писател и неговата улога во промовирањето на Охрид и Македонија во светот.
Се дискутираше за неговата важност и културното наследство кој тој го остава зад себе.
На настанот присуствуваше градоначалникот на Општина Охрид како и претставници од Холандија, Франција, Германија, Англија и многу други љубители на пишаниот збор.