четврток, март 28, 2024
АктуелноОхрид

Во Охрид денеска 10 лица позитивни на КОВИД 19 и оздравени 5 пациенти

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 1.101 тестови, а регистрирани се 168 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 91, Битола – 12, Кавадарци, Тетово и Охрид – по 10, Велес – 9, Прилеп – 5, Штип и Струмица – по 3, Куманово, Гостивар, Струга, Ресен и Крушево – по 2, Кочани, Неготино, Радовиш, Крива Паланка и Дебар – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (168), регистрирани се 28 реинфекции.

Регистрирани сe 90 оздравени пациенти од: Скопје – 59, Куманово и Битола – по 7, Охрид – 5, Кавадарци и Штип – по 3, Прилеп, Тетово, Велес, Гостивар, Кичево и Ресен– по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.

извор: МЗ

фото: Архива