АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

СДСМ Охрид со соопштение за членството

Се известуваат членовите на ОО СДСМ Охрид дека вчера на состанокот на ИО на ОО СДСМ Охрид, досегашниот секретар на општинската организација Спасе Спасески од лични причини поднесе оставка од функцијата, по што Извршниот одбор едногласно ја донесе одлуката за поставување вршител на должност на функцијата секретар и го назначи Симе Стефановски, се’ до избор на нов секретар за што членството ќе биде благовремено известено.
ОО СДСМ Охрид изразува благодарност до досегашниот секретар Спасе Спасески за партиската заложба изминатиов период и заедно со него, кој останува член на Извршниот одбор на општинската организација на СДСМ, продолжува активно да учествува во локалните и централните политички делувања.
-се вели во соопштението на СДСМ Охрид.