На мое огромно задоволство во име на Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид и Општина Охрид им ги доделивме медалите и пехарите на најдобрите екипи и поединци на Купот во спортски риболов „ОХРИД-2022“ одржан на Охридското Езеро, во дисциплината пливка, во организација на ЗРР СК „Св. Апостол Петар“ – Охрид.
Блискиот контакт со природата, занимливоста, како и масовноста, ја ставаат оваа спортска активност во истакнатите спортови во Охрид.
Упатувам честитки до организаторите за одличната организација на Купот на кој учествуваа 9 екипи од Македонија, на победниците им посакувам уште многу трофеи и на сите учесници уште многу натпревари и успеси.
На Охрид му се потребни вакви манифестации за да ја покажеме убавината и природата како и да ги промовираме можностите за развој на туризмот.
Локалната самоуправа секогаш има да ги поддржува активностите на кои главни приоритети им се: развој и поддршка на масовниот и рекреативниот спорт, психофизички развој, социјална инклузија, економски развој, заштита на животната средина и афирмација и промоција на градот Охрид.
Придобивките и ефектите на спортот врз секоја личност и целиот град се основа за нашата максимална посветеност во унапредувањето на нашиот јавен и општествен интерес на градот, напиша во својата ФБ објава советникот Божиноски.