петок, ноември 15, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

СДСМ Охрид ги изопшти медиумите – Спасе поднел оставка или тие го разрешиле ?

Спасе Спасески повеќе не е секретар на Општинската организација на СДСМ во Охрид ! Ова е единствено нешто што е точно, од како вчера до „Охрид 1“ од извори во партијата пристигна информација дека тој бил разрешен од таа функција затоа што не доаѓал на состаноци.
Во текот на денот, високо позиционирани структури од СДСМ ( кои котираат во Скопје ) брифираа дека е точно дека Спасе Спасески повеќе не е секретар, но дека тој не е разрешен туку поднел оставка.
До утрово, СДСМ Охрид јавноста официјално не ја информира дека Спасе Спасески повеќе не е секретар на партијата, а за тоа дали е разрешен или поднел оставка медиумите треба сами да истражуваат.
Раководството на СДСМ скоро и да нема комуникација со медиумите, и едноставно информациите се добиваат од повеќе „партиски извори“ , но официјално од СДСМ ништо не коментираат.