АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

СДСМ го разреши партискиот секретар во Охрид

По само два месеци од како го избраа, организацијата на СДСМ во Охрид денес го разреши секретарот Спасе Спасески.
Неофицијално тој е разрешен бидејќи не се појавувал на состаноците во партијата, а отсуството во активностите го правдал со премногу професионални и приватни обврски.
Било заклучено дека на негово место ќе биде поставен нов кадар кој ќе има време да оди на партиските состаноци.
Од партијата до овој момент не ја имаат информирано јавноста за разрешувањето на партискиот секретар во Охрид.