За да го поминеме патот на успехот, често треба да бараме инспирација. Таа може да се пронајде на многу места. Леонид, Елена, Михаела и Давид инспирацијата ја побараа и пронајдоа во програмата Бреинобреин (БОБ) во Центарот за развивање животни вештини Бреионобреин-Црвен крст Охрид и зачекорија по патот на успехот на петгодишна возраст.
Патот што го минуваа низ програмата беше макотрпен и бараше многу вложување. Но на целта стигнуваат само најупорните. Десетте нивоа од БОБ програмата ги завршија како четврта генерација.
Овие четири млади луѓе не застанаа тука. Продолжија несебично да го даваат најдоброто од себе, максимално да ги искористуваат можностите и се справуваат со предизвиците.
Како резултат на тоа, оваа година се најдоа на врвот.
* Леонид Тодороски – Прличевец – Првенец на генерација
* Елена Стојоска – Узуновец – Првенец на генерација
* Михаела Бабаче – Климентовец
* Давид Поповски – матурант на Музичкото средно училиште – Струга, класа пијано
До колку и понатаму имате трпение, верувате во себе и ги правите вистинските работи посветено и упорно, верувајте дека успехот кој Ве очекува во иднина е неизбежен.
Тргнете кон освојување на уште повисок врв. Вие тоа го можете!
Тимот на БОБ Црвен крст Охрид