АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Српскиот патријарх Порфириј утре во посета на манастирот Богородица во Калишта а потоа во Охрид

Македонската православна црква – Охридска архиепископија, односно Дебарско-кичевската епархија Охрид соопшти дека утре во манастирот Рождество на Пресвета Богородица – Калишта во 18.00 часот ќе пристигне делегација на СПЦ предводена од Неговата Светост Српскиот Патријарх г.г. Порфириј.

Во негова чест ќе биде отслужена и Доксологија (Славословие). Следниот ден – вторник неговата Светост Српскиот Патријарх г.г. Порфириј, од 10:00 часот ќе ги посети Храмот Св. Богородица – Перивлепта, Галеријата на икони како и другите цркви и културно историски споменици во Охрид и Манастирот Св.Наум Охридски.

 

Дебарско-кичевска Епархија