Охрид

Левица Охрид: Општина Охрид ја одби иницијативата за двосменско работење на детските градинки

ИНИЦИЈАТИВАТА на советникот на ЛЕВИЦА за донесување на одлука за двосменско работење на детските градинки на територијата на Општина Охрид, поднесена на 06.06.2022 година, не беше ставена како точка на дневен ред на 12 Седница на Советот на Општина Охрид, одржана на 08.06.2022 година.
– Иницијативата како правна форма значи предлог, а не начин на реализација. Начинот на реализација, односно финансиска анализа и законските решенија, им се препуштаат на институциите и службите, по нејзиното усвојување од страна на советот.
– Оттука, го повикуваме Претседателот на Совет на Општина Охрид, на следната 13  седница на Совет на Општина Охрид, оваа, како и другите две иницијативи, поднесени од советникот на ЛЕВИЦА, Виолета Аврамоска, да бидат ставени на дневен ред.
– Со одбивањето на оваа и другите две иницијативи, ќе се покаже и докаже дека Општина Охрид, ниту е заинтересирана за спроведување на проекти од социјален карактер, ниту пак работи за интересите на Охрид и охриѓани.
Левица – Охрид