АктуелноОхрид

Украдена дел од опремата со која се работи на „Македонски Просветители“?

Украдена дел опрема со која се  реконстриура „Македонски Просветители“ , велат за Охрид 1 вработени во објектите кај кои се барале снимки од видео надзорот за да се пронајдат сторителите на кражбата. Колку треба да си нечовек па да се одлучиш на ваков чекор, кога некој се труди да направи нешто кое ќе биде од добробит за сите?

„Македонски Просветители“ која интензивно се гради веќе го добива својот нов лик. Граѓаните воодушевени од новиот изглед. Велат конечно една од најпрометните улици во срцето на Охрид го довива својот вистинки лик.

Инаку реконструкција на улицата „Македонски Просветители“ е главниот инфраструктурен проект кој Општина Охрид ќе го реализира како дел од „Проектот за поврзување на локални патишта” имплементиран од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка.

Според проектната документација, новото сообраќајно решение предвидува две одвоени коловозни ленти со тротоари од двете страни, велосипедскa патекa, нова атмосферска канaлизација и ново улично осветлување. Возните ленти и такси паркингот ќе бидат изведени од гранитни камени коцки со димензии 10/10/10см, орабени со камени гранитни рабници. Тротоарите ќе бидат изведени од гранитни камени плочи со димензии 33/33/3см, а на велосипедската лента ќе бидат поставени гранитни камени коцки со димензии 5/5/8см. Во должина на улицата планирано е изведување на среден разделен цветен појас, а ќе биде подигнат и нов дрворед, од двете страни.

извор: Охрид 1

фото: Охрид 1