За вистината да добие целосна слика треба да се споделат сите инфромации, а не
само да се извлекуваат податоци и извртуваат се со цел да се добие на
популизам. За граѓаните да ја имаат целосната слика треба да знаат дека на
седницата на Советот на Општина Охрид, со измена на распоредот на средствата во
Буџетот на Општина Охрид се пренаменаа ДЕЛ од средствата кои се предвидени за
изградба на велосипедска патека Охрид – Св. Стефан. Бидејќи станува збор за
покомплициран проект, средства за негова реализација ќе се обезбедуваат
согласно напредувањето на реализацијата на самиот проект.
За да се запази целата законска процедура за реализација на еден проект
потребно е најпрвин да се има проектна документација. За оваа намена финасиски
средства се предвидени и има. После изготвувањето на проектот и добивањето на
одобрение за реализација на проектот ќе обезбедиме средства и ќе го реализираме
проектот.
Што се однесува до безбедноста на велосипедистите, некоректно е да се
изнесуваат паушални констатации. За таа цел се изготвува проект кој ќе понуди
решение што ќе биде безбедно за сите учесници во сообраќајот.
Затоа уште еднаш нагласуваме дека Велосипедската патека од Охрид до Св. Стефан,
согласно сите стандарди ќе има.
општина Охрид