АктуелноОхридПоследни Вести

Патријархот Порфириј му го предаде томосот на архиепископот на МПЦ г.г. Стефан

Српскиот патријарх Порфириј денеска во Соборната црква во Белград на архиепископот македонско-охридски Стефан му го предаде томосот со кој СПЦ ја признава автокефалноста на Македонската православна црква, објави Танјуг.

Агенцијата не соопшти детали за настанот, ниту пак за содржината на томосот со кој СПЦ ја признава автокефалноста на МПЦ.

Претходно агенцијата Танјуг, повикувајќи се на свои информации.објави дека во Соборната црква во Белград во тек е света литургија ка која служат патријархот Српски Порфириј и Архиепископот охридско македонски Стефан со владици на двете цркви. По оваа литургија, како што дознава Танјуг, Патријархот на СПЦ ќе му врачи Томос на Архиепископот Стефан за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА, пишува Танјуг.

извор: Танјуг